Дома Македонски спорт Мак ракомет Фантастично полувреме: Томовски прави чуда, Дибиров го води нападот – Кил на минус три!

Фантастично полувреме: Томовски прави чуда, Дибиров го води нападот – Кил на минус три!

Вардар вечерва во Скопје на домашен терен го игра натпреварот против Кил во Лигата на шампионите и после 30 минути момците на Вујовиќ одлично му парираат на германскиот шампион.

Од почетокот Вардар започна со добра игра посебно во одбрната тешко постигнуваа голови ракометарите на Кил, Томовски на голот беше фантастичен. Се покажа дека со право Вујовиќ му дава денес шанса пред Борко со оглед на тоа што пред да дојде во Вардар Томовски бранеше во германското првенство.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Томовски беше одличен, меѓутоа нападот не реализираше се, па затоа Вардар не успеваше да направи разлика поголема од еден гол. За плус два црвено-црните пропуштија најмалку 3-4 прилики.

Во последните пет минути од првиот дел Вардар влезе со предност од 10:9. Конечно на плус два Вардар дојде во 28. минута (12:10).

Дибиров беше најефикасен со седум гола, Томовски собра дури 12 одбрани.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…