Цеск Фабрегас оваа сезона само еднаш беше стартер во тимот на Антонио Конте и се погласни се шпекулациите дека во јануари ќе си замине од „Стенфорд Бриџ“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанецот порача дека сака да остане во Челзи бидејќи неговото семејство се чувствува одлично во Лондон, но со оглед на фактот дека не е во плановите на Антонио Конте најверојатно ќе ја промени средината.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека ќе го промени клубот, но не и градот и дека од јануари ќе заигра за трет клуб во Лондон, после Арсенал и Челзи.
Имено, Вест Хем е силно заинтересиран да го донесе шпанскиот плејмејкер во своите редови, и единствен проблем за „чеканите“ претставува неговата голема плата.
Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи ќе се согласи да го даде Фабрегас на позајмица и притоа да плаќа дел од неговата плата.