Дома Фудбал Уште неколку часа го делат Кутињо од Барселона?! (Фото)

Уште неколку часа го делат Кутињо од Барселона?! (Фото)

Трансфер сагата околку евентуалното преминување на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона наскоро би требало да биде завршена.

Многу шпански и англиски медиуми објавија денес дека Ливерпул конечно одлучил да го пушти бразилскиот фудбалер доколку Барселона испрати разбирлива понуда. Кутињо најави дека ќе ги бојкотира дуелите на „Црвените“ во целата сезона доколку не го пуштат во Барселона и се чини дека успеа да ги наговори челниците на клубот да го пуштат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми вечерва објавија дека преговорите на Барселона и Ливерпул траат од попладневните часови, и дека трансферот би требало да заврши во следните неколку часа.

Како што се наведува, Барселона за Бразилецот ќе плати 100 милиони фунти што Ливерпул од почетокот го посакуваше, но и дополнителни 18 милиони за бонуси.

Навивачите на Барселона се сигурни дека Кутињо ќе дојде на „Камп Ноу“, а индивидуалци веќе почнаа да ги носат дресовите со името на бразилскиот играч. Се чини дека новата трансфер сага се приближува кон крајот, но овојпат во Барселона можат слободно да дишат за разлика од изминатата сага со Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …