Дома Фудбал Останато Уште една тепачка поради милионите од ПСЖ: Мбапе VS. Раџи, цел тим мораше да го смени теренот!

Уште една тепачка поради милионите од ПСЖ: Мбапе VS. Раџи, цел тим мораше да го смени теренот!

Кој што и да кажува, не е воопшто лесно. Но, деновите, неделите и месеците минуваат, а по медиумите секој ден се пишува за стотиците милиони кои Пари Сен Жермен е сè поизвесно дека ќе ги даде за Килијан Мбапе.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дечкото има само 18 години, па тоа само по себе е преголем притисок за него. Истиот мораше некаде и некогаш да пукне. И пукна! Според известувањето од L’Equipe, младиот фудбалски гениј од Монако минатата недела на тренинг се степал со соиграчот Андре Раџи.

Шефот на стручниот штаб Жардим потоа Мбапе го избркал од тренингот, но овој демонстративно одбил да се потчини на барањето од првиот човек на тимот. Поради тоа – а за ваков случај и реакција досега немаме чуено – целиот тим од Монако мораше да се премести на друг терен и таму да продолжи со тренингот.

Секако, многумина овој инцидент веднаш го поврзаа со желбата на Мбапе да ја примора управата од клубот да го продаде кај „Светците“ од Париз. За потсетување, ова лето Нејмар, пред да премине во дресот на ПСЖ, се степа со Нелсон Семедо, а потоа во Дортмунд вриеше помеѓу Роман Бурки и Усман Дембеле, кого Барса намерачи да го доведе на местото од Бразилецот.

Очигледно е дека милионите од ПСЖ ги „расипуваат“ и најголемите играчи. Премногу пари се тоа. Мозоците зовриваат од толку многу вредносни нули. Мбапе е веројатно готов. Уште ПСЖ да го убеди Монако.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ откри за кој фудбалер би платил и најскапа карта да го гледа на Мундијалот

Златан Ибрахимовиќ го истакна Ламин Јамал, како играч кој со нетрпение сака да го гледа на…