Дома Фудбал Уште еден проблем за Солскјер: Мектоминеј оди на операција

Уште еден проблем за Солскјер: Мектоминеј оди на операција

Манчестер Јунајтед во следниот период нема да може да смета на Скот Мектоминеј.

Мектоминеј мораше да ги оперира препоните, па нема да биде на располагање на Оле Гунар Солскјер. Клубот соопшто дека шкотскиот репрезентативец подолго време се мачи со ваквата повреда, а во летните подготовки биле земени во предвид сите терапии.

Единствениот начин да се надмине оваа повреда е операција, па се очекува Мектоминеј да биде надвор од терените во наредниот месец.

До ноември Солскјер нема да смета на напаѓачот Маркус Рашфорд кој го оперираше рамото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал не сака да чека: Подготвува нов договор за Раја

Давид Раја има договор до 2028 година, но Арсенал наводно планира разговори за подолга сор…