Дома Фудбал Уште еден доказ дека Левандовски сака трансфер ова лето!

Уште еден доказ дека Левандовски сака трансфер ова лето!

Роберт Левандовски од неодамна го промени својот агент и за неговата кариера сега ќе се грижи познатиот Пини Захави.

По промената на агентот веднаш започна и на големо да се пишува дека полскиот напаѓач сака од Захави да му обезбеди нов трансфер. За Левандовски е проблем неговиот договор кој има важност до 2021 година.

Се шпекулира и дека Баерн нема да го задржи доколку тој навистина сака да замине, во Минхен не сакаат во тимот да имаат незадоволни играчи.

Левандовски најмногу се поврзува со Реал Мадрид, а новиот податок само ќе ги подгрее таквите шпекулации.

Станува збор за тоа дека договорот помеѓу Пини Захави и Роберт Левандовски е важечки само до крајот на преодниот рок, до 1 септември.

Тоа секако може да се протолкува дека Левандовски го агажирал Захави само да му обезбеди трансфер во летото кое следи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Валверде го спаси Реал во 90’+2′: АЕК двапати водеше, но остана без бод!

Реал Мадрид славеше со 3-2 на гостувањето кај АЕК, откако двапати ја бркаше предноста на д…