Дома Македонски спорт Мак фудбал Украина беше подобра: Младинците поразени на „Анталија купот“

Украина беше подобра: Младинците поразени на „Анталија купот“

Репрезентацијата на Македонија до 21 година доживеа пораз од 3:1 против Украина на „Анталија купот“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој натпревар беше прв за оваа селекција откако се врати селекторот Благоја Милевски.

Украина заслужено победи бидејќи ние бевме послаб противник, посебно во првиот дел кога Украинците создаваа многу повеќе сериозни шанси.

После првото полувреме Украина имаше предност од 1:0, на стартот од вториот дел зголемија на 2:0, за потоа во финишот да постигнат и трет погодок. Конечните 3:1 ги постави Марио Костовски кој за нас погоди во последните минути од натпреварот.

Ова беше прв натпревар во Анталија каде што ќе играме уште два. Летонија ќе биде нашиот следен противник, а турнирот го завршуваме во натпревар против Естонија на 26-ти март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …