Добри вести пристгнаа од УЕФА за македонската репрезентација во пресрет на натпреварот против Косово во баражот од Лигата на Нации.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
УЕФА потврди дека Висар Муслиу ќе има право за настап против Косово, без разлика што против Грузија заработи црвен картон. Бидејќи станува збор за друго издание од Лигата на Нации Муслиу ќе може да игра против Косово во полуфиналето.
Селекторот Ангеловски на Муслиу не ќе може да смета за натпреварите против Естонија на гостински терен (11 октомври) и Грузија дома (14 октомври).
Секако дека играњето на Муслиу против Косово во одбранта ќе биде од големо значење.