Дома Фудбал УЕФА отвори истрага, Арнаутовиќ го чека голема казна

УЕФА отвори истрага, Арнаутовиќ го чека голема казна

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) отвори официјална истрага против репрезентативецот на Австрија Марко Арнаутовиќ, поради инцидентот што го предизвика против Македонија.

Арнаутовиќ го постигна третиот гол за Австрија, а потоа влезе во вербален конфликт со Алиоски. Медиумите открија дека имало навреди на националистичка основа, а ФФМ побара УЕФА веднаш да реагира.

„Според Членот 31 од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, одреден е етички и дисциплински инспектор, кој ќе отвори истрага за инцидентот во кој учествуваше Марко Арнаутовиќ, во текот на натпреварот Австрија-Македонија“, вели УЕФА во соопштението.

Доколку биде потврдено дека навредите биле расистички или етнички, Арнаутовиќ би можел да се соочи со суспензија до 10 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…