Дома Фудбал УЕФА одлучи: Откриени термините за завршницата во Лига на шампиони

УЕФА одлучи: Откриени термините за завршницата во Лига на шампиони

Европската куќа на фудбалот конечно донесе одлука како да се доигра оваа сезона во европските натпреварувања.

Како што пренесуваат бројни светски медиуми, ќе се игра Фајнл-ејт турнир во Лисабон. Ќе се игра турнир меѓу осумте најдобри екипи на два стадиони во Лисабон.

Најпрвин ќе се доиграат осминафиналните мечеви во замјите кои се домаќини: Барселона – Наполи, Манчестер Сити – Реал Мадрид, Јувентус – Лион и Баерн Минхен – Челзи. (реваншите ќе се играат на 6 и 7 август)

Во четвртфиналето ќе се игра по еден натпревар и тоа на 12, 13, 14, 15 август, а потоа полуфиналињата се на програмата 18 и 19 август. Финалето е закажано за 23 август.

Ждребот за четвртфиналето и полуфиналето ќе се одржи на средината на јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роден во Белград, но изборот е Словенија: Обриќ доби повик и за дуелот со Македонија

Деветнаесетгодишниот дефанзивец на Аталанта е пред сениорско деби за Словенија, а пораката…