Дома Фудбал УЕФА го менува својот план: Деновиве ќе се официјализира ВАР во Лигата на шампионите?!

УЕФА го менува својот план: Деновиве ќе се официјализира ВАР во Лигата на шампионите?!

Како што стојат работите, до крајот на овој месец оваа информација би требало да биде и официјализирана.

Видео технологијата која им помага на судиите во спорните ситуации (ВАР) станува се поприсутна во фудбалот, а можеби и клучен чекор во нејзината понатамошна примена која ќе биде направена следниве денови.

Имено, како што денес пренесува британски „Тајмс“, во УЕФА се блиску до одлука веќе оваа сезона, од четвртфиналето да почнат со примена на ВАР во Лигата на шампионите.

Како причина за ваквиот став на челниците на УЕФА се наведува одличното искуство со користење на видео технологијата во текот на неодамнешното СП во Русија.

Следната недела ќе биде оддржан и состанок на таа тема во Монако, каде на 30. август ќе биде објавена ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алегри пред Порто: Европската шанса е жива, но Наполи има поголем проблем

Наполи го чека тешко гостување во Лигата на шампионите, а Масимилијано Алегри порача дека …