Дома Фудбал Удар за соседите: Дефанзивецот го пропушта Мундијалот?

Удар за соседите: Дефанзивецот го пропушта Мундијалот?

Дефанзивецот на Шалке, Матија Настасиќ кој е член и на репрезентацијата на Србија би можел да го пропушти Мундијалот кој ова лето ќе се одржи во Русија.

Настасиќ заработи повреда во првенствениот натпревар против Хамбург, а според првите лекарски проценки од терените би можел да отсуствува најмалку два месеци, а тоа значи и дека под знак прашалник се доведува неговиот настап на Мундијалот.

„Морам да паузирам неколку недели. Имам оштетување на задните лигаменти на коленото. Не знам колку точно ќе паузирам и дали ќе бидам во можност да настапам на Светското првенство“, изјави Настасиќ.

Нема соменвање дека отсуството на Настасиќ би било голем удар за Србија. Мундијалот започнува на 14 јуни, а Србија ќе игра во група со Костарика, Бразил и Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Удар за Јунајтед: Шешко ја заврши 2026 година, враќање најрано во јануари

Повредата на потколеницата го оддалечува Бенјамин Шешко од терените до најмалку јануари 20…