Убави вести пристигнуваат од Островот, Кристијан Ериксен ќе дебитира на официјален натпревар за Брентфорд.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вниманието кон Ериксен посебно беше насочено после ситуацијата на Европското првенство кога Данецот колабираше на теренот. Кариерата ја продолжи, но со вграде дефибрилатор. Поради таквата ситуација мораше да го напушти Интер, Серија А не дозволува професионален фудбалер да игра со дефибрилатор.




Во Премиер лигата нема таков проблем, па откако се поврзуваше со повеќе клубови потпиша за Брентфорд. За овој клуб Ериксен веќе забележа два настапи на пријателски средби во кои беше солиден и подели асистенции.




Сега, менаџерот на Брентфорд, Томас Франк потврди дека Ериксен утре ќе дебитира за Брентфорд на еден официјален натпревар. Сигурно дека овој натпревар поради Данецот ќе се следи со посебно внимание.