Фудбалскиот сојуз на Турција поднесе до УЕФА кандидатура за организација на ЕП 2024. година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Претседателот на фудбалскиот сојуз Јилдерим Демирорен рече дека оваа понуда е најдобрата на Турција во историјата.
Турција заедно со Грција сакаше да го организира ЕУРО 2008, а потоа и самостално во 2012. и 2016. година, но таа земја никогаш не беше домаќин на некое големо фудбалско натпреварување.
Единствениот противкандидат на Турција е Германија.
Западна Германија беше домаќин на ЕП во 1988 година, а потоа го организираше Мундијалот во 2006. година.
Извршниот одбор на УЕФА домаќинот на ЕП 2024. година ќе го избере на 27 септември.