Македонската младинска репрезентација загуби од Тунис со 32:27.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Уште на самиот старт Македонија беше немоќна против Тунис, со оглед на тоа дека Тунижаните стартуваа силно и сигурно, а во текот на целиот меч само ја оддржуваа предноста.
По низа технички грешки кои не ни дозволија да поведеме со два во еден момент, момците предводени од Илија Темелковски на паузата замина со негатива 17:14.
Стартот од второто полувреме го одбележавме добро, но брзањето во клучни моменти и разбранетиот Брахим кај противничкиот состав се чини пресудија.
Томи Јагуриновски заработи и црвен картон во напад, а на крајот сепак поразот беше неизбежен.
Моменталната состојба во групата говори дека освен Шпанија и Буркина Фасо сите останати селекции имаат шанса за пласман во осминафиналето.