Дома Фудбал Останато Тренерот на Сосиедад: Вардар е добра екипа, но одиме на три бода!

Тренерот на Сосиедад: Вардар е добра екипа, но одиме на три бода!

Екипата на Реал Сосиедад пристигна во Скопје и утре ќе ги одмери силите со македонскиот шампион Вардар во рамките на третото коло од Лига Европа.

Тренерот Еусебио Сакристан истакна дека и покрај фактот што Вардар има квалитетен тим, сепак неговата цел е освојување на трите бода.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Одиме на три бода и ентузијасти сме за утрешниот меч. Вардар игра добар фудбал и е квалитетна екипа, го респектираме противникот и концентрацијата ни е на највисоко ниво. Утре е голем ден, знаеме со што се соочуваме, но одиме на победа“, изјави тренерот на Сосиедад, Еусебио.

„Утре ќе биде важен меч и ќе се обидеме да го оставиме Вардар уште малку поназад. Не гледаме на Вардар како послаб тим, ќе се обидеме да ја земеме топката и да имаме поголем посед. Вардар има контрола врз играта, ќе биде убав, но и напорен натпревар“, истакна првата ѕвезда на тимот, Иларименди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Бразил фудбалот може да биде стопиран

Бразилското министерство за Спорт побара од фудбалската конфедерација на Бразил да се прек…