Дома Фудбал Лига на шампиони Тренерот на Лајцпиг обвинува: Судијата бараше автограм од Нејмар

Тренерот на Лајцпиг обвинува: Судијата бараше автограм од Нејмар

Вчера германски Лајпциг во четвртото коло од групната фаза во ЛШ против ПСЖ го освои првиот бод сезонава во најелитното европско натпреварување (2:2).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Домаќините постигнаа два гола, а добија и два пенали од кои едниот не го реализираа. И покрај двата пенали тренерот Џеси Марш има забелешки на судијата Андреас Екберг.

Според него после натпреварот судијата и побарал автограм од Нејмар.

„Добивам впечаток дека судиите помагаат на големите место на помалите тимови. Тешко се добива почитта од судиите. По натпреварот ми изгледаше како судијата да бара автограм од Нејмар“, изјави Марш.

Не е исклучено поради ваквиот коментар Марш да заработи и казна од УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…