Ерик тен Хаг синоќа во потполност го надмудри Сантијаго Солари и го однесе Ајакс до голем триумф на Бернабеу.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на тимот од Амстердам е задоволен од величествената победа…
„Ова е историска победа која е важна за сите нас. Беше незамисливо дека ова ќе се случи, никој не веруваше во тоа.“ – изјави Тен Хаг и откри како го надмудрил Солари.
„Планот беше едноставен. Сакавме да создадеме контрола над топката и така да го спречиме Реал да ја постави својата игра. Одигравме добро во транзиција, а играта во дефанзива беше одлична. Апсолутно сите момци одиграа фантастично. Среќен сум за нашиот клуб, но и за холандскиот фудбал за ова што се случи.“
Ова е најголемата победа во неговата кариера и нема дилеми дека на овој триумф ќе се сеќава додека е жив.
„Едноставно, на ваквите моменти мора да се сеќавате и да уживате во нив. Имаме шанси да освоиме три трофеи, играме добра сезона, но наградите не доаѓаат до самиот крај.“ – истакна Тен Хаг и додаде:
„Сакаме да ги достигнеме сите наши цели. Мораме да ги поставиме целите уште повисоко и да продолжиме да напредуваме. Би сакал да ги задржиме сите наши играчи во клубот, но тоа е во доменот на фантазијата.“ – изјави тренерот на великанот од Амстердам.
Ајакс сега го чека ривалот за четвртфиналето во Лига на шампиони, а неговото име ќе го дознае за 10 дена.
Мурињо им порача дека не смета на нив, но тие го изненадија со својот одговор: „Никој не оди никаде“
Фудбалерите на Реал Мадрид со полн гас се подготвуваат за почетокот на новата сезона и се …Војна меѓу менаџерските агенции го расипува завршениот договор со Реал Мадрид!?
Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и првата ѕвезда на Лајпциг, Јан Диомандe, в…Мурињо ја изненади ѕвездата на Реал: Залудно ќе останеш, нема да играш
Жозе Мурињо реши да ѝ се „закани“ на голема ѕвезда на Реал Мадрид, но таа сепак не планира…
Проблеми за Реал: Мбапе го вклучи алармот во Мадрид
Килијан Мбапе е под знак прашалник за вечерашниот дуел со Атлетико Мадрид. Реал Мадрид сè …Кејн: Од стартот бевме агресивни, не се браневме, туку тргнавме по победа
Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ги сподели своите впечатоци по триумфот над Баер Лев…Навивачите „удрија“ по Слот, му замеруваат за две клучни грешки против ПСЖ
Навивачите на Ливерпул сметаат дека Арне Слот направил две големи грешки, кои на крајот ја…
Проверете
Ливерпул понуди 100 милиони евра за Баркола, ПСЖ веднаш побара уште 50 милиони
Ливерпул го направи првиот конкретен чекор во обид да го донесе Бредли Баркола. Англискиот…