Дома Топ вести Треба ли Барса да му доплати 20 милиони на Ливерпул за Кутињо?

Треба ли Барса да му доплати 20 милиони на Ливерпул за Кутињо?

После многуте лоши вести за Барселона во последно време, како со резултатски, така и со финансиски аспект, пристигна една добра вест.

Станува збор за „случајот Кутињо“. Долго време се шпекулираше дека Барселона треба да му исплати додатни 20 милиони евра на Ливерпул кога Бразилецот ќе го одигра 100-от меч за Каталонците.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Меѓутоа, најновата вест која пристигнува од шпанските медиуми гласи дека Барселона нема да треба да му ја исплати споменатата сума на „црвените“.

Се испостави дека таква клаузула воопшто не постои во договорот, а тоа го потврдија и англиските медиуми кои се блиски до Ливерпул.

Кутињо пристигна на „Камп Ноу“ пред три години во трансфер тежом 135 милиони евра.

Вистина е дека Барселона може да исплати одредени бонуси за Бразилецот, но тие не се поврзани со бројот на настапи.

Кутињо во Ел Класико го запиша својот 99-ти настап за Барселона, а се очекува против Рајо Валекано да го запише 100-от настап во каталонскиот дрес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…