Дома Македонски спорт Трансферот на Несторовски пропаднал поради повреда

Трансферот на Несторовски пропаднал поради повреда

Се најавуваше дека Илија Несторовски може да го напушти Удинезе и да премине во Сампдорија, но сепак неговото заминување од „Фриули“ не се реализираше.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во игра беа повеќе клубови, но најблиску беше Сампдорија. Сепак, трансферот пропаднал во последен момент и тоа откако двата клуба имале договор.

Трансферот пропаднал поради новата незгодна повреда која ја заработил македонскиот напаѓач. Првичните информации се дека Нестор ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Српскиот стратег, Дејан Станковиќ инсистирал да му се доведе напаѓач кој веднаш ќе му биде ставен на располагање што немаше да биде случај со Нестор по неговата повреда.

Несторовски во Удинезе добива мала минутажа и сигурно дека во Сампдорија ќе одиграше повеќе минути до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …