Битолски Еурофарм Пелистер нема намера да застане со засилувањата во овој преоден рок – вечерва беше потврден уште еден трансфер и тоа веројатно најскапиот, најголемиот и највредниот во поновата историја овој клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нов играч на Е.Пелистер е Стипе Мандалиниќ, поранешниот најдобар светски младинец.
Хрватскиот лев бек ќе биде замена за Владислав Остроушко кој си замина по одличната сезона.
Мандалиниќ пред неколку дена го раскина договорот со Фуксе Берлин и со биотлскиот клуб потпиша договор на две години.
Овој ракометар се поврзуваше уште со Мешков и Вардар, но на крајот се реши за Еурофарм Пелистер.