Дома Фудбал Трагичниот Фронзиноне: Првин бод до Серија А, а потоа испадна од плеј-оф со два играчи повеќе

Трагичниот Фронзиноне: Првин бод до Серија А, а потоа испадна од плеј-оф со два играчи повеќе

Трагичен крај на сезоната за Фрозиноне, на кои првин им недостигаше бод за директен пласман во Серија А, а синоќа следеш и катастрофална елиминација од Капри на Комунале Матуси (0:1, прв меч 0:0), иако гостите натпреварот го завршија со два играчи помалку.

Играчите на Капри на крајот успеаја и жестоко да ја разлутат домашната публика, која го нападна гостинскиот тим после последниот судиски свиреж. За тоа најмногу беше одговорен Џереми Мбакогу, кој после победоносниот погодок на Гаетано Летициа, непристојно гестикулираше кон трибините, поради што го чека жестока казна од италијанската фудбалска федерација.

Капри во финишот на првото полувреме остана без Аљаж Струна, а во 81-та и без Рикардо Гаљиоло, но во 86-та минута следеше топовски удар од слободен удар кој ги шокираше навивачите на Фрозиноне.

Мбакогу од теренот излезе само неколку минути порано и уште тогаш почна да прави проблеми, додека после голот на Летициа целосно „експлодираше“ и ги предизвикуваше домашните навивачи.

Капри во финалето од плеј-оф фазата игра со победникот од двомечот помеѓу Перуџа и Беневенто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тешко повреден водачот на албанските навивачи: Погоден во око, го чека нова операција

Ерјон Вишкули, кој ја предводи групата „Тифозат Куќ е Зи“, е хоспитализиран по протестите …