Дома Фудбал Италија Тоти: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Тоти: Мурињо е најдобриот тренер во светот

Легендарниот италијански фудбалер и икона на Рома Франческо Тоти смета дека Рома направила вистински потег со ангажманот на Жозе Мурињо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред околу еден месец на големо изненадување на фудбалската јавност беше објавено дека Мурињо ќе ја води Рома. Тоти верува дека тоа е вистинскиот потег.

„Мурињо доаѓа и веднаш кажува што мисли. Тој е најдобриот тренер во светот. Би сакал да имав можност да работам со таков стратег кога бев помлад“, изјави Тоти.

Тоти се поврзуваше со враќање во Рома во некаква улога, меѓутоа сега тој потврди дека нема контакти и не се зборува за тој да се врати во таборот на „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Беќири го објасни скандалозниот потег на фудбалерите на Шкендија по поразот во Купот (Видео)

Фудбалерите на Шкендија одбија да ги примат медалите по поразот од Силекс со 0-1 во финале…