Премиерлигашот Тотенхем е заинтересиран во своите редови да го врати Герет Бејл од Реал Мадрид, пренесуваат медиумите на Островот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Претседателите на клубот, Даниел Леви и Флорентино Перез се состанаа во Мадрид за да разговараат за деталите за можен трансфер. „Спарси“ сакаат да го вратат Велшанецот во Лондон, но се спремни да понудат само 30 милиони евра.
Бејл не се најде во составот за последниот натпревар со Севиља и покрај тоа што немаше никакви здравствени проблеми, а познато е дека Реал уште од летото е спремен да се ослободи од играчот и неговата висока плата.
30-годишниот фудбалер оваа сезона има одиграно 12 натпревари во Примера и постигнато два гола, а често е мета на критики од навивачите.
Сепак, англиските медиуми тврдат дека многу поверојатно е трансферот да се реализира на крајот на сезоната, отколку во јануари.