Дома Трансфер зона Тореира на чекор од Атлетико Мадрид

Тореира на чекор од Атлетико Мадрид

Играчот за врска на Арсенал, Лукас Тореира е на чекор од трансфер во Атлетико Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Уругвајсткиот репрезентативец ќе се пресели на „Ванда Метрополитано“ на едногодишна позајмица со право на откуп за 24 милиони евра.

Во Атлетико се уште се обидени дека Томас Парти ќе остане во клубот, иако е на мета на многу европски гиганти.

Во секој случај Тореира ќе пристигне во Мадрид, бидејќи на излезна врата од клубот е Ектор Ерера.

Тореира пристигна во Арсенал во 2018 година од Сампдорија, одигра одлична прва сезона, но го загуби местото во тимот кога на кормилото седна Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…