Дома Фудбал Англија „Топчиите“ остануваат три недели без својата стандардна муниција

„Топчиите“ остануваат три недели без својата стандардна муниција

Првиот стрелец на лондонски Арсенал, 26-годишниот Дани Велбек ќе остане надвор од игра во следните три недели, со оглед на тоа дека на вчерашниот преглед му беше дијагностицирана повреда на препоните.

Талентираниот централен напаѓач, повредата ја заработи во текот на дуелот со Челзи кој се одигра во неделата. Велбек теренот го напушти во 73. минута, а по неколку анализи потврдено е дека се работи за повреда на препоните. Според прогнозите на терен ќе се врати следниот месец и ќе биде подготвен за дуелот со Ватфорд кој се игра на 14. октомври.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дани Велбек во текот на оваа сезона одигра вкупно 6 натпревари и притоа запиша 3 погодоци и 1 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…