Дома Топ вести Толку од Париз: Нејмар веќе преговара за нов трансфер кој ќе го шокира светот

Толку од Париз: Нејмар веќе преговара за нов трансфер кој ќе го шокира светот

Не требаше долго за да се појават вести дека Нејмар не е среќен во Париз. Шпански „Спорт“ пред неколку дена објави дека Бразилецот зажалил што ја напушти Барселона и дека не му се допаѓа животот во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес веќе доаѓа нова информаница. Имено, „Дон Балон“ пренесува дека на Нејмар му е јасно дека неможе да се врати во Барселона па ја активирал можноста да се пресели во Реал Мадрид.

Бразилецот беше блиску до Реал кога играше во Сантос, но тогаш ја избра Барселона. Сега наводно повторно е воспоставен контакт, а на Перез му е јасно дека наскоро ќе треба да пронајде долгорочна замена за Роналдо, а поголема ѕвезда од Нејмар не може да најде.

„Дон Балон“ оди толку далеку што тврди дека веќе е воспоставен пакт помеѓу Нејмар и Перез. Бразилецот ќе остане кратко време во Париз и ќе се обиде да дојде до Лигата на шампиони и „Златната топка“, а потоа ќе направи се за да се пресели во Реал.

Останува да видиме како ќе се одбиваат работите, а медиумите тврдат дека веројатноста е исклучително голема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…