Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 16.08.2022)

Тикет на денот (вторник, 16.08.2022)

Во наредните три дена, љубителите на фудбалот ќе може да уживаат во квалификациите за европските купови. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Ренџерс – ПСВ – ГГ3+ @ 2.21 во Mozzart

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ренџерс да имаше малку среќа во финалето на Лига Европа и да успееше на пенали да слави против Ајнтрахт, сега би биле директни учесници во ЛШ. Вака ќе мораат преку квалификациите до елитата, а тој пат повеќе е од тежок. Се вклучија во минатото коло и успеаа да надоместат два гола негатива. ПСВ од друга страна ги помина сите „кругови на пеколот“ во двомечот со Монако. Ако важеше гол во гости, досега тимот од Ајндховен ќе беше елиминиран од квалификациите. Како и да е, на овој натпревар очекуваме ефикасен дуел и типуваме ГГ3+ со квота 2.21 во Mozzart.

Копенхаген – Трабзон – Х2&2+ @ 2.38 во Bet365

Прваците на Данска и Турска немаат директен пласман во ЛШ и тоа покажува дека овие шампионати доста паднаа на УЕФА листата. Причина е слабите резултати на данските и турските клубови во последно време. Се уште имаат два претставиници во квалификациите и веруваме дека нема лесно да се предадат. Трабзон ја започна добро сезоната во Турција каде што се изиграни две кола, а на тие натпревари Трабзон запиша победа. Копенхаген изгуби три натпревари, додека во 32 натпревари во минатата сезона запиша само 4 порази. Овде веруваме дека Трабзон ќе останат непоразени и типуваме Х2&2+ со квота 2.38 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 5.26

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 26.06.2026)

Уште малку време остана до нокаут фазата од СП. Многу работи се веќе познати, а целосно ќе…