Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш в четврток ќе ја стартува европската епизода против Бреидаблик од Исланд.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Пред овој натпревар тимот од Кавадарци ги промовираше дресовите за новата сезона. Дресовите македонскиот претставник во квалификациите за Конференциската лига може да ги користи веќе од четврток.
Билетите за натпреварот против Бреидаблик се пуштени во продажба и се продаваат по цена од 200 денари. Натпреварот се игра во терминот од 17:00 часот.