Дома Фудбал Останато Тиери Анри има нов клуб: Ќе ги тренира Бојан Криќ и Бакари Сања!

Тиери Анри има нов клуб: Ќе ги тренира Бојан Криќ и Бакари Сања!

Легендарниот Тиери Анри пронајде нов тренерски ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Анри му беше асистент на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија, но тренерската кариера во Европа ја заврши истиот момент кога ја започна во Монако. Клубот му се распадна и Тиери Анри (како тренер) остана запаметен како некој кој знае да анализира, но дека се уште не е зрел замислите да ги спроведе на теренот. Тешко му одеше да пронајде ангажман во Европа и затоа сега ќе води клуб во МЛС.

Французинот во наредната сезона ќе го води Монтреал Импакт и овој клуб така преку ноќ стана еден најатрактивните во САД.

Секоја чест за Франк Де Бур и Атланта, браво и за Брајан Шмецер кој после 17 години на Сиетл му го донесе вториот МЛС куп, но Анри сепак е легенда на овој спорт и еден од најомилените играчи во историјата на фудбалот.

Во Монтреал тој ќе работи со Бојан Кркиќ и Бакари Сања, а до почетокот на новата сезона во МЛС можеби и уште некој од Европа ќе се одлучи да оди кај Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…