Дома Фудбал Тие се најголемотo изненадување во Лига Европа: Погледнете како славеа кога добија Челзи (ВИДЕО)

Тие се најголемотo изненадување во Лига Европа: Погледнете како славеа кога добија Челзи (ВИДЕО)

Славиа Прага е најголемата сензација во Лигата на Европа. Во осминафиналеот ја елиминираа Севиља која беше голем фаворит и тоа откако во продолженијата губеа од 98-та минута.

За поминување во следната фаза и победа од 4:3 Чесите погодија во 119-та минута, а потоа заедно го следеа ждребот во клупските простории.
Кога во Нион топчињата ги споија со Челзи настана вистинска лудница помеѓу играчите. Започна славје слично на она кога постигнаа гол против Севиља.

Лондонскиот клуб е голем фаворит. Коефициентот за нивно поминување во полуфинале изнесува околу 1.10, додека за Славија е 7. Првиот натпревар се игра во Прага на 11-ти април, додека реваншот е седум дена подоцна во Лондон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл испрати скаути во Полска: На радарот е 20-годишен лев бек

Јакуб Кжижановски од Висла Краков го привлече вниманието на Њукасл, но неговиот договор до…