Словенечката скијачка Илка Штухец може да ја пропушти целата сезона во алпското скијање поради повреда на коленото.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Актуелната светска шампионка во спуст ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено за време на вчерашниот тренинг на Австриските Алпи., соопшти штабот на Словенката.
– Во оваа фаза се чини дека Илка Штухец ќе го пропушти поголемиот дел, а можеби и целата сезона, вклучувајќи ја и Зимската Олимпијада во Пјоннџанг, рече портпаролот на натпреварувачката Тилен Ламут.
Сезоната во алпско скијање стартува следниот викенд во Золден, Австрија.