Дома Фудбал Останато Тер Штеген по одбранетиот пенал: Покажав квалитет

Тер Штеген по одбранетиот пенал: Покажав квалитет

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген изјави дека со одбраната на пеналот на Марко Ројс покажал голем квалитет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германскиот голман, поранешен ривал на „милионерите“ – Борусија Менхенгладбах, го одбрани пеналот на соиграчот од репрезентацијата во 57. минута и ја сочува Барселона од пораз на стартот од Лигата на Шампионите.

„Луѓето знаат за што сум способен. Имам доверба во себе и можности, против Борусија тоа го докажав. Мислам дека ремито е најправедно“, изјави Тер Штеген по натпреварот.

Тер Штеген, без оглед на одличната одбрана, се најде под лупа затоа што многумина сметаат дека порано излегол од гол линијата и така му го скратил аголот на Ројс, пред обраната. Сепак, судиите не го видоја тој детал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Jaпонците веруваат, испратија јасна порака пред натпреварот со Бразил

Јапонија се соочува со предизвик во второто коло на Светското првенство. Како ПАМЕТНО да т…