Дома Фудбал Англија Тен Хаг: Мегваер има квалитет, очекувам да се врати подобар

Тен Хаг: Мегваер има квалитет, очекувам да се врати подобар

Eрик Тен Хаг го седна Хари Мегваер на клупата за резерви, а од тој момент резултатите и играта на Манчестер Јунајтед драстично се подобрија, па дефанзивецот не се врати во стартниот тим.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


И во таква ситуација Мегваер доби прилика да биде во стартниот тим на Англија, но во натпреварот против Германија не се прослави. Мегваер на оваа средба прво киксираше, а потоа направи и пенал кој Германците го реализираа.

Во овој дуел дефанзивецот заработил и повреда поради која ќе го пропушти дербито против Манчестер Сити кое е на програмата е утре.

Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг верува дека Мегваер имва квалитети да се врати во тимот на Јунајтед после повредата.

„Морам да го тренирам и да го поддржам, го поддржувам затоа што верувам во него. Мегваер е играч со голем квалитет, тоа можете да го видите и во настапите за Англија. Очекувам дека може да ја врати формата, убеден сум во тоа“, изјави Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Причината поради која доцни официјалното потврдување за Карик

Веќе е извесно дека Мајкл Карик ќе остане на менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед п…