Раководството на Реал Мадрид потврди дека во моментов не се водат никакви преговори за продолжување на соработката со Лука Модриќ.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Весникот „Марка“ објави дека Модриќ сака да го продолжи престојот на „Сантиаго Бернабеу“ и е спремен да прифати помала плата, со оглед на фактот дека неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
„Продолжувањето на договорот е желба на Модриќ, но во моментов нема апсолутно ништо. Не се водат никакви преговори, таа тема ќе ја разгледуваме на крајот на сезоната“, изјави директорот на Реал.
Во истата ситуација се наоѓа и капитенот Серхио Рамос на кого исто така договорот му истекува за 10 месеци.
Претседателот на Реал, Флорентино Перез не е за продолжување на договорите на играчи кои се над 33 години, па двете ѕвезди би можеле да го напуштат клубот на лето.