Дома Фудбал Италија Творецот на шампионскиот Наполи пристигнува во Јувентус и го враќа хрватскиот стратег?

Творецот на шампионскиот Наполи пристигнува во Јувентус и го враќа хрватскиот стратег?

„Кориере дело Спорт“ денес пишува дека е воспоставен прв контакт помеѓу Јувентус и Игор Тудор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Истиот извр тврди дека тренерот на Марсеј е прв кандидат за наследник на Масимилијано Алегри. Алегри на крајот од сезоната би можел да добие отказ бидејќи и втора сезона во низа ќе заврши без трофеј.

Пред Тудор треба да пристигне и спортскиот директор Кристијан Џунтоли кој треба да биде новиот спортски директор. Џунтоли е еден од творците на шампионскиот тим на Наполи. Тудор сезонава го водше Марсеј на 46 натпревари и има учинок од 47 натпревари, 27 победи, седум нерешени и 12 порази во сите натпреварувања.

Тудор за Јувентус играше од 1998 до 2006 година, а во кариерата самостојно ги водеше Хајдук, ПАОК, Карабукспор, Галатасарај, Удинезе и Верон. Една сезона беше во Јувентус како тренер, но како помошник во стручниот штаб на Андреа Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Покажа почит: Oва е единствениот Аргентинец кој ги испочитува Шпанците на прославата!

Додека аргентинските фудбалери разочараа голем дел од фудбалскиот свет со своето однесувањ…