Дома Останати Тајсон Фјури за еден месец доаѓа во Скопје!?

Тајсон Фјури за еден месец доаѓа во Скопје!?

Само неколку дена откако доминираше во рингот против Деонтај Вајлдер се најавува доаѓање на Тајсон Фјури во Скопје.

Интернет порталот „Рома Тајмс“  објави дека Фјури може да биде учесник на Конгресот на Интернационалната унија на Ромите (ИРУ). Организаторите на ИРУ се во контакт со ПР тимот на Фјури, па ако боксерот нема другу активност во периодот од 26 до 29 март кога е закажан состанокот на ИРУ ќе ја посети Македонија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фјури на јавноста и е познат како „Кралот на Ромите“ и е еден од најпознатите боксери на денешницата. Споменатиот медиум повикувајќи се на свои извори најави дека наскоро ќе бидат познат повеќе детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…