Дома Фудбал Останато Тајната на Меси се крие во неговите штуцни: Каква ТАБЛЕТА зема Аргентинецот?! (Видео)

Тајната на Меси се крие во неговите штуцни: Каква ТАБЛЕТА зема Аргентинецот?! (Видео)

Екипата на Барселона го задржа стопостотниот учинок во Лигата на шампионите откако го совлада грчки Олимпијакос со 3:1.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барса славеше победа иако од 42 минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Жерард Пике. Играч на натпреварот беше Лионел Меси кој беше стрелец и асистент при погодокот на Лукас Диње.

Меси покрај играта вниманието на јавноста го привлече и поради интересниот детал од 10 минута од натпреварот.

Имено, камерите го забележаа моментот кога Аргентинецот од штуцните извлече таблета и ја стави во уста. Шпанските медиуми пишуваат дека Меси користел глукозна таблета за зголемување на енергијата.

Изгледа дека таблетата делуваше, напаѓачот на Барселона потоа го постигна 100 гол во европските натпреварувања.

„Не знам дали земал таблета. Но ако тоа е причината поради која постигна погодок во иднина нека земе неколку таблети“, изјави тренерот Валверде после натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал испрати понуда од 100 милиони евра за 26-годишниот „борец“

Арсенал направи понуда од над 100 милиони евра за да започне преговори за напаѓачот на Атл…