Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам реши да изгради ѕвезден тим во САД, а британски „Тајмс“ објави дека наскоро во Интер Мајами доаѓаат уште неколку фантастични фудбалери.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според медиумот, наскоро во дресот на Интер Мајами може да ги гледаме Лионел Меси и Кристијано Роналдо, па така Бекам ќе го има најмоќниот тим во светот.




Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан и ПСЖ планира да го договори Меси во следниот период, а Аргентинецот се очекува да потпише за Интер Мајами следното лето.




Исто така, се воделе преговори и со Роналдо, кој во моментов е слободен играч откако го раскина договорот со „црвените ѓаволи“.




Британските медиуми пишуваат дека во екипата би можеле да стигнат уште неколку легенди, а тоа се Луис Суарез кој е слободен по завршување на договорот со Национал, но и Цеск Фабрегас кој игра за второлигашот Комо, додека последна ѕвезда која може да пристигне е Серхио Бускетс.