Срѓан Ѓоковиќ, таткото на Новак гостуваше во РТЛ каде што за целата ситуација на „Адрија Тур“ го обвини Григор Димитров.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бугарскиот тенисер објави дека е позитивен на коронавирусот на пола час пред финалето на турнирот во Задар кој на крајот беше откажан. Набрзо потоа и уште неколку тенисери потврдија дека се заразени, за вчера да стигнат и резултатите на Ѓоковиќ. Тестот на Ѓоковиќ беше позитивен како и на неговата сопруга.
Таткото на Ѓоковиќ го критикуваше Димитров.
„Димитров веројатно дошол болен на турнирот. Се заразил кој знае каде. Не се тестираше на време и тоа не е во ред. Нанесе голема штета на Хрватска и на нас како семејство, а и на Србија. Ние во иднина ќе направиме се за во нормални услови да го повториме целиот турнир и со задоволство ќе се вратиме“, изјави таткото на Ѓоковиќ.