Таткото на Нејмар ја искористи социјалната мрежа Инстаграм за да го заштити својот син од критиките после поразот на ПСЖ од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Нејмар сениор ги нарече критичарите „мршојадци“ и истакна дека битката можеби е загубена, но војната не е.
„Во една војна има луѓе кои се хранат со победите, но и такви кои како мршојадци ги јадат труповите на поразените. Мојот син се бори уште од дете и секогаш тоа го прави чесно, ги избегнувал мршојадците и секогаш се исправа посилен. Ја загубивме битката, но ќе видиме дали ќе ја загубиме и војната, бидејќи таа продолжува додека сме на бојното поле. И со сигурност…исто како феникс тој ќе се прероди спремен за нови битки кои што му престојат. Вие мршојадци ќе си останете гладни“, напиша таткото на Нејмар.