Дома Фудбал Италија Таткото на младата ѕвезда на Јувентус: Мојот син е навивач на Интер, го советувам да оди таму

Таткото на младата ѕвезда на Јувентус: Мојот син е навивач на Интер, го советувам да оди таму

Mладиот напаѓач на Јувентус, Моис Кин во финишот од сезоната привлече внимание со своите настапи.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кин со минутажата која ја доби во Јувентус успеа да се избори за место во репрезентацијата на Италија каде што се запиша во листата на стрелци и стана најмладиот играч кој постигнал гол за селекцијата на Италија.

Сега во јавноста во Италија реакции предизвика изјавата на таткото на Кин.

„Се започна кога побара да му купам дрес од Мартинс. Тој го избра Интер како даде, тој е навивач на Интер и сигурен сум дека би направил трансфер во тој клуб. Кога играше за Торино ми зборуваше дека после Торино сака да игра за Интер. Мој совет е ако заминува од Јувентус да оди во Интер, а не во Ајакс како што се најавува“, изјави таткото на Кин.

Оваа изјава привлече големо внимание затоа што познато е колкаво е ривалството помеѓу двата италијански клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА сака 64 земји на Светското првенство во 2030! Постои една причин…

Претстојното Светско првенство брои 48 учесници, но тука не завршуваат проширувањата. Најг…