Дома Фудбал Лига на шампиони Тандемот Гнабри – Левандовски е најдобар во историјата на ЛШ

Тандемот Гнабри – Левандовски е најдобар во историјата на ЛШ

Taндемот на Баерн Минхен Левандовски – Гнабри влезе во историјата на Лигата на шампионите како најдобар во најелитното клупско натпреварување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гнабри и Левандовски успеаа да го надминат бројот на голови на тандемот на Реал Роналдо – Бејл. Оваа сезона во Лигата на шампионите која е скратена Гнабри и Левандовски постигнаа 24 гола, Роналдо и Бејл во сезоната 2013/14 вкупно реализира 23 погодоци.

Треба да се спомене дека Гнабри и Левандовски успеаа да го срушат рекордот со два натпревари помалку затоа што во четвртфиналето и полуфиналето се играше по еден натпревар.

Оваа бројка Гнабри и Лева ќе имаат шанса да ја подобрат во недела кога од 21:00 часот се игра финалето во Лисабон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати се четири пара за нокаут-фазата на Светското првенство, овие 19 репрезентации продолжија понатаму

По првите два дена од третото, последното коло на групната фаза од Светското фудбалско прв…