На мета на екипата на Челзи се најде играчот на Аталанта Робин Госенс.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
26 годишниот фудбалер имаше спектакуларна сезона постигнувајќи 10 гола и додавајќи 8 асистенции во Серија А, Лигата на шампионите и Купот на Италија.
Аталанта за него плати помалце од еден милион евра во 2017 година, но сега тој вреди скоро 30 милиони евра. Покрај Челзи за него се интересираат Интер и Јувентус.
Госенс има двојно државјанство, холандско и германско, иако поголемиот дел од младоста го помина во Холандија се одлучи да игра за Германија.