Дома Останати Кошарка НБА Тажна вест: Почина голема легенда на НБА лигата

Тажна вест: Почина голема легенда на НБА лигата

НБА тимот на Бостон Селтикс денес објави тажна вест која растажи голем број љубителите на кошарката.

Имено, вчера на 79 годишна возраст починал легендарниот играч на овој клуб Џон Хавличек. Хавличек за помладите кои не знаат важи еден од најдобрите во историјата на овој спорт.

Тој во својата кариера осум пати го освојуваше шампионскиот прстен во НБА лигата со Бостон. Со повеќе освоени прстени од него може да се пофалат само Бил Расел (11) и Сем Џонс (10). За Бостон потпиша во 1962 како седми избор од првата рунда на драфтот.

Запиша 13 натпревари на Ол-Стар натпреварите, а во 1974 година бил избран за МВП во финалето.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Бомба од НБА: Една грешка го откри новиот клуб на Леброн!

Откако Леброн Џејмс (41) ги извести Лејкерс дека ќе го напушти клубот, едно од главните пр…