Ѕвездата на Ајакс и српски репрезентативец, Душан Тадиќ имаше фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Медиумите пренесуваат дека за Тадиќ стигнала „непристојна понуда“ од Кина, каде за три години може да заработи 42 милиони евра.
Далијан Јифан е клубот кој силно го посакува Србинот и испратил понуда тешка 14 милиони евра по сезона.
Ајакс не сака да го продаде Тадиќ за помалку од 30 милиони евра, сума која кинескиот клуб е спремен да ја плати.
Сега конечната одлука ќе ја има самиот фудбал, дали ќе ги избере кинеските милиони, или врвниот европски фудбал.
Со оглед на фактот дека веќе има 30 години, многу е веројатно Тадиќ да се одлучи да се пресели на Далечниот исток.