Дома Топ вести Суарез се прости со солзи: Тешко е, но заминувам горд!?

Суарез се прости со солзи: Тешко е, но заминувам горд!?

Луис Суарез денес одржа проштална пресконференција на стадионот „Камп Ноу“ и со солзи се прости од Барселона.

Луис Суарез во Барселона пристигна 2014 година од редовите на Ливерпул и на 283 натпревари постигна дури 198 гола и имаше 109 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Остави силен траг во каталонскиот гигант, па затоа истакна дека иако заминува тажен, сепак е горд на постигнатото.

„Ова се тешки моменти за мене. Завршува фазата со која се гордеам. Овде створив неколку големи пријателства тоа ме прави среќен. Мојот сон се исполни кога дојдов овде. Не ни сонував дека на заминувањето ќе имам ваква статистика. Свесен сум дека сме  на крајот на една ера на која можеме да бидеме горди. Новиот тренер прави промени, но јас можам да заминам горд и задоволен од тоа што го постигнав во Барселона“, истакна Суарез.

На прошталната конфернција пристигна и неговиот пријател Лео Меси, а од денес ќе видат ривали бидејќи Суарез кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

„Сакам на сите да им покажам дека можам се уште да играм на високо ниво. Возбуден сум поради мојот трансфер во Атлетико, но не знам како ќе се чувствувам кога ќе играм против Барса“, заклучи Уругваецот низ солзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Објавени коефициентите: Ѓоковиќ не е најголем фаворит за Ролан Гарос

Нajдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се подготвува за Мастерсот во Рим и Ролан Гарос, …