Дома Фудбал Суарез има порака за Дембеле: Да се биде фудбалер е привилегија

Суарез има порака за Дембеле: Да се биде фудбалер е привилегија

Барселона скапо го плати Осман Дембеле од Борусија Дортмунд, тој требаше да биде заменикот на Нејмар и пристигна летото кога Бразилецот си замина, но засега не ги оправда очекувањата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од доаѓањето на „Ноу Камп“ не видовме многу од младиот Французин. Веднаш по пристигнувањето се соочи со големи проблеми со повредите, но оваа сезона поголем проблем стана неговото однесување.

Доцнењата на тренинзите, неспортскиот начин на живот, зависноста од видеоигра и незаинтересираноста за фудбал го излудуваат тренерот Валверде и челниците на клубот и би било чудно доколку Осман Дембеле наскоро ја напушти Барселона.

Сега за ситуацијата зборуваше неговиот постар соиграч Луис Суарез.

„Да се биде фудбалер е привилегија. Мислам дека треба да се фокусира на фудбалот и да црпи инспирација од професионалците во соблекувалната на Барселона“, кратко порача Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Герсон Родригез доби црвен картон на тренинг-натпревар помеѓу две екипи на Вардар

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со подготовките во италијанска Норчија, а денешниот тре…