Луис Суарез сигурно е помеѓу најдобрите напаѓачи во светот, тоа го докажува и во дресот на Атлетико Мадрид, но неговата кариера беше обележана со низа контроверзии.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од оваа сезона Суарез игра за Атлетико со кој ќе лидер во Примера. Вчера „јорганџиите“ одиграа 1:1 со Реал, а единствениот гол за „јорганџиите“ беше дело токму на Суарез.
На полувремето дојде до тензија помеѓу играчите на двата тима, а Суарез влезе во расправија со Лукас Васкез. Васкез се жалеше за недосудениот пенал, Уругваецот тоа го слушна и не му остана должен.
„Се жалиш после се минатата сезона? Неверојатно, како дете си! Е оваа сезона нема ја освоиш титулата. Ние и да ја изгубиме ти нема да ја освоиш“, алудирајќи на тоа дека Барселона може да биде шампион.
Во ситуацијата се вклучи Хермосо кој му порача: Ќе ве издеме…
Y se lió. #LaCasaDelDerbi pic.twitter.com/htpczSNPH9
— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) March 7, 2021