Дома Македонски спорт Мак ракомет Стравот се потврди: Европското првенство го започнуваме без специјалистот за одбрана!

Стравот се потврди: Европското првенство го започнуваме без специјалистот за одбрана!

Oна од што стравувавме вечерва се потврди – повредата на Велко Маркоски не е наивна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од Ракометната федерација на Македонија вечерва соопштија дека Маркоски кој е важен играч во одбраната ќе мора да отсуствува 14 дена. Маркоски утре ќе се врати во Македонија каде ќе има дополнителни прегледи.

„Почитувани, ве известуваме дека по направените дополнителни медицински прегледи во Очната Клиника во Љубљана и добиените резултати констатирано е дека Велко Маркоски ќе треба да отуствува 14 дена (повреда на левото око, по ударот со топка од страна на Бомбач). Велко Маркоски утре вечер се враќа за Македонија каде што во понеделник ќе има дополнителни прегледи и ќе продолжи со рехабилитација!“’, стои објавата на официјалниот Фејсбук на ракометната федерација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…